САД нападнаа повеќе од 800 цели во Јемен од средината на март и убија стотици борци на бунтовниците Хути, вклучувајќи и високи функционери. Ова го објави вчера Централната команда на САД, одговорна за Блискиот Исток.
-Нападите уништија неколку командни и контролни објекти, системи за воздушна одбрана, напредни погони за производство на оружје и напредни складишта за оружје, соопшти Централната команда.
„Иако Хутите продолжуваат да ги напаѓаат нашите бродови, нашите операции го намалија темпото и ефикасноста на нивните напади. Лансирањето на балистички ракети се намали за 69 проценти“, а нападите со камикази дронови „се намалија за 55 отсто“, се додава во соопштението.