Свет Ужас

ИДФ: Двајца израелски војници убиени, шестмина ранети во борбите во јужна Газа

Според истрагата, израелско оклопно возило било погодено од експлозивна направа, при што еден војник бил убиен, а четворица други биле ранети, од кои тројца се наоѓаат во тешка состојба.

ИДФ: Двајца израелски војници убиени, шестмина ранети во борбите во јужна Газа

Двајца израелски војници се убиени, а најмалку шестмина се ранети во одделни инциденти за време на борбите во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

Според првичната истрага за првиот инцидент што се случи вчера, оперативци на Хамас испалиле проектил кон зграда во која биле стационирани израелски војници.

Зградата делумно се урнала врз војниците, а еден од нив бил убиен, додека двајца други биле ранети, едниот потешко, а другиот полесно, соопштени армијата, пренесе Тајмс оф Израел.

Вториот инцидент се случил околу два часа подоцна во истата област.

Според истрагата, израелско оклопно возило било погодено од експлозивна направа, при што еден војник бил убиен, а четворица други биле ранети, од кои тројца се наоѓаат во тешка состојба.

Претходно, Хамас објави дека негови членови учествувале во „жестоки борби“ со израелските војници на југот од Појасот Газа во близина на Рафа. (МИА)

To top