Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на лидерите на земјите од Заливот дека „итно сака да постигне договор“ со Иран за ограничување на неговата нуклеарна програма, но дека дел од секој потенцијален договор мора да вклучува барање до Техеран да ја прекине својата поддршка за прокси групите низ целиот регион.
-Иран мора да престане да го спонзорира теророт, да ги запре крвавите прокси војни и трајно и проверливо да го прекине стремежот кон нуклеарно оружје. Тие не можат да имаат нуклеарно оружје, рече Трамп во говорот на состанокот со лидерите на Советот за соработка во Заливот, организиран од престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во Абу Даби.
САД и Иран одржаа четири рунди разговори од почетокот на минатиот месец за иранската нуклеарна програма.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјавите на Трамп ги нарече „измамнички“ и не коментираше директно за повикот до Техеран да престане да ги поддржува милитантните групи во регионот.