Свет

Заедничка операција на САД и Велика Британија во Јемен

Американски и британски сили вчера спроведоа заедничка воена операција во Јемен, соопшти британското Министерство за одбрана.

Заедничка операција на САД и Велика Британија во Јемен

Американски и британски сили вчера спроведоа заедничка воена операција во Јемен, соопшти британското Министерство за одбрана.

Според британските власти, при операцијата бил изведен воздушен удар врз објект под контрола на јеменските бунтовници Хути, каде што се произведувале дронови.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец нареди интензивирање на нападите против Хутите, откако неговата администрација соопшти дека ќе продолжи да ги напаѓа бунтовниците поддржани од Иран сè додека не престанат да напаѓаат бродови во Црвеното Море.

САД и Велика Британија и претходно спроведуваа заеднички воени операции во Јемен.

Министерството за одбрана на Велика Британија информира дека нападот бил извршен по зајдисонце и дека британските борбени авиони што учествувале во мисијата се вратиле неповредени.

To top