Свет

Палестинци ограбиле складиште на ОН во Газа, има загинати

Складиштето на Светската програма за храна (ВФП) вчера беше ограбено од гладни Палестинци во Деир ел Балах во централниот дел на Појасот Газа, а некои агенции јавуваат дека во стампедото загинале неколку лица.

Масата не оставила ништо зад себе, одземајќи вреќи со храна, дрвени палети и штици. На снимки од агенцијата Франс прес се слушаат и истрели.

– Орди гладни луѓе провалија во складиштето во потрага по прехранбени артикли кои беа однапред поставени за дистрибуција, се вели во соопштението на ВФП.

Беше упатен повик за „безбеден и непречен хуманитарен пристап за да се овозможи итна и уредна дистрибуција на храна“ во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека ВФП се обидува да ги потврди извештаите за два смртни случаи и неколку повреди за време на инцидентот.

Палестински извори, пак, изјавија дека во пустошењето на складиштето на ВФП загинале неколку луѓе.

Медицински извори од болницата Ал-Акса во Деир Ал-Балах известија дека две лица починале во турканицата на толпата, а две биле убиени со огнено оружје.

– ВФП постојано предупредуваше за влошување на ситуацијата и ризиците од ограничување на хуманитарната помош за гладните луѓе на кои очајно им е потребна помош, се додава во соопштението.

To top