Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од денеска до четврток ќе престојува во посета на Турција, во чии рамки ќе учествува и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата.
Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Руте денеска ќе отпатува за Анкара, каде ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Од Анкара, Руте ќе замине за Анталија, каде утре и задутре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО, чиј домаќин е турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.