Свет САД и Канада

Карни по средбата со Трамп: Конструктивен разговор меѓу лидери на две независни нации

-Мислам дека денеска поставивме добра основа, рече Карни, зборувајќи за повторното воспоставување на економските и безбедносните односи со САД.

Карни по средбата со Трамп: Конструктивен разговор меѓу лидери на две независни нации

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека двајцата лидери имале „многу конструктивни разговори“ и дека се сретнале како „лидери на две независни суверени нации“.

Тој истакна дека САД и Канада се посилни „кога работат заедно“, пренесе Си-Ен-Ен.

-Овој ден го означува крајот на процесот на редефинирање на тој работен однос меѓу САД и Канада, рече Карни, додавајќи дека повторно ќе се сретне со Трамп на самитот на Г7 во Алберта, Канада.

Тој рече дека ќе работи на зголемување на безбедноста на Канада во „сè поопасниот и поделен свет“.

-Мислам дека денеска поставивме добра основа, рече Карни, зборувајќи за повторното воспоставување на економските и безбедносните односи со САД.

Тој додаде дека постои можност за повторно преговарање за нов трговски договор и додаде дека развојот на ситуацијата ќе се следи во наредните недели.

Карни рече дека се чувствува подобро во врска со односите меѓу САД и Канада во многу аспекти по средбата со Трамп. (МИА)

To top