Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Благоја Стефковски“ 152.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.