МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 македонски здруженија. Средствата се наменети за промотивни активности во земјоделството и руралниот развој. Ќе се организираат локални манифестации саеми и фестивали низ целата држава. Целта е промоција на македонските производи, истакнување на малите фарми и производители и поттикнување на домашната економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овие настани ќе помогнат традиционалната македонска храна да се доближи до младите, за да се зачува македонската автентичност, но и да се промовира на странски туристи во земјава. Сите региони ќе бидат опфатени со манифестациите, а преку финансирање се овозможува поголема видливост на домашната храна, малите фарми, производителите што ја зголемува нивната шанса за пласман и препознавање. Вакви манифестации и саеми го поттикнуваат економскиот развој на руралните средини, а локалните заедници ќе добијат шанса да се вклучат во економски и туристички текови, велат од владејачката партија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена да ја зајакне локалната економија.
-Настани од ваков тип создаваат економска активност на локално ниво и отвораат можности за соработка. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за развојот на руралниот туризам, и овие манифестации и саеми се можност за туристите да ги запознаат локалните вкусови и обичаи. Македонија се позиционира како културна дестинација, истакнаа од партијата.