Претседателот на СДСМ и имател на златна виза за Дубаи никако да се помири со успехот на владата на ВМРО-ДПМНЕ и успехот со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Затоа, со новинарско-експерската ергела смислуваат теории на заговор и евтини прикаски со кои ќе го искаљаат и минимизираат мега-договорот.
И како ја водите „борбата“ со не замислениот, туку реалниот противник? „Катата“ на Филипче не е Хеајн Шодан (првата ката во каратетот, за жолт појас) туку трчи-лажи, манипулирај, релативизирај, претпоставувај и прогнозирај. Реално, има и напредок, за разлика од првата прес-конференција веќе не го става под знак на прашање „потеклото“ на парите од Велика Британија, па откако се излизга како ајван и човек кој е прв ден во политиката, сега проблем му се каматите. Еве што му срочија СДС експертите за денешното антибританско мени:
Исто така, веројатно поведен од личното искуство со десет пати поскапите кинески вакцини и „на ти го-дај ми го“ принципот со кој функционираше тендер-коалицијата на СДС/ДУИ, без никаков податок и аргумент, екс министерот за здравство со најлошиот учинок во корона-кризата во стилот на „на нероден Петко капа му кројат“ обвини за некаков си привилегиран избор на фирми блиски до власта, кои по кој знае кој пат НАВОДНО ќе ги извршувале работните и проектни задачи за пругата, клиничките центри и факултети.
И повторно, без никаков аргумент да си заклучи дека „ова ја оддалечува државата од патот кон Европската Унија“.
И за крај, кој очебијно и кај СДС делото го краси, со вест од рубриката „ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ“ Филипче заврши со констатацијата дека РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ БИЛА ПОРАЗИТЕЛНА?!
„Веќе е средина на годината, а не е ни 30% реализацијата на капиталните проекти. Во нашиот буџет има милијарда и 200 милиони евра за проекти кои не се остваруваат, не се реализираат. А што ќе правиме со други шест милијарди евра? Џабе ќе стојат, само камати ќе плаќаме, нема капацитет за реализација“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. И преживеа, ќе речат граѓаните кои немаат 2меморија на златна рипка“ и многу добро се сеќаваат дека единствена реализација на капитална инвестиција во време на седумгодишното владеење на СДС/ДУИ беше тунелот кој затворениците го ископаа под затворот Идризово.
На страна, што „правдољупците“ од Бихаќка никогаш и не ни открија кој тоа го копал овој монументален споменик на нивната бескрајна неспособност…
Дали, реално, Венко Филипче сфати дека судбината на ПАСОК е блага варијанта на она што је очекува „неговата“ СДСМ, особено по фактот што за само 10 месеци владеење Владата на Мицкоски постигна повеќе од нивните – сите заедно, 18 вкупно години поминати на власт.
Инаку, 18х12=216, значи, веројатно кога за 10 месеци имате ДЕСЕТ пати поголем успех од она што некој го правел 216 месеци, стравот и уплавот од следните месеци и години е повеќе од оправдан…