Едуардо Камавинга и Давид Алаба нема да бидат во комбинација за натпреварот против Барселона, во финалето на Купот на Шпанија кое се игра во сабота во 22 часот. Дополнителен хендикеп е отсуството на Флоран Менди, па Анчелоти остана само со Фран Гарсија на левата бековска позиција.
И тренерот Анчелоти се сомнева дека двајцата ќе бидат подготвени за настап на дербито.
„Ќе видиме утре, но двајцата имаат повреди. Тешко дека ќе се опорават пред сабота. Сега останува само Фран Гарсија на левата бековска позиција“, рече Анчелоти.
Камавинга заработи повреда на вчерашниот дуел со Гетафе, и тоа само што влезе на теренот, па мораше да го напушти.