Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и дека распоредувањето на воени сили на Пјонгјанг во Русија мора да престане.
„Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и каква и да е поддршка што Руската Федерација ѝ ја дава на Северна Кореја за возврат мора да престане“, изјави портпаролот на Стејт департментот во е-пошта за Reuters, истакнувајќи дека трети земји како Северна Кореја „носат одговорност“ за војната.
Северна Кореја претходно во понеделникот првпат потврди дека по нареда на водачот Ким Џонг-ун испратила војници да се борат во руската погранична област Курск во која ланската есен продреа украинските сили. Објавата на Сеул дојде откако Москва објави дека и последните украинските единици во Курск се разбиени и истиснати, повторувајќи дека распоредувањето на војници е според билатералниот договор за безбедносна соработка и во согласност со меѓународното право.