Свет итно укинување

„Ел Паис“: Криза во шпанската Влада поради континуираното купување муниција од Израел

Особено остро реагираше „Обединета левица“, нарекувајќи го Израел „геноцидна држава“ и барајќи „целосен прекин на трговијата со оружје“.

„Ел Паис“: Криза во шпанската Влада поради континуираното купување муниција од Израел

Коалициската Влада на Шпанија се соочи со сериозна криза откако Министерството за внатрешни работи одлучи да продолжи да купува муниција од Израел, и покрај претходното ветување за раскинување на договорот поради конфликтот во Газа, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Коалицискиот партнер, левичарската партија „Сумар“, изрази силно противење на таа одлука, барајќи нејзино итно укинување, пишува весникот.

Извршниот комитет на партијата, предводен од вицепремиерката Јоланда Дијаз, издаде соопштение во кое се вели дека тоа е „грубо кршење на договорот“ и побара оставка од министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка доколку тој не ја повлече одлуката.

Договорот вреден 6,6 милиони евра, кој е склучен со израелска компанија за набавка на 15 милиони куршуми, беше објавен во јавноста за време на велигденските празници, а ресорното министерство претходно се обврза дека ќе го раскине.

Социјалистичкиот дел од владата, предводен од премиерот Педро Санчез, наведува дека откажувањето од договорот во оваа фаза е правно и финансиски неостварливо.

„Сумар“, кој обединува неколку помали партии, меѓу кои и „Обединетата левица“, посочува дека купувањето оружје од израелски компании е во директен судир со меѓународното право и со политиката на Шпанија, која ја поддржува палестинската независност.

Особено остро реагираше „Обединета левица“, нарекувајќи го Израел „геноцидна држава“ и барајќи „целосен прекин на трговијата со оружје“.

Иако во текот на денот се најавуваше можно повлекување на „Сумар“ од Владата, партиските претставници вечерта се обидоа да го ублажат тонот.

Министерот за култура Ернест Уртасун изјави дека „во ниту еден момент не се зборувало за напуштање на Владата“ и дека коалицијата ќе го издржи мандатот.

To top