Свет спасов се пресели во сад?

Трамп: Лажни се анкетите за мојот рејтинг, треба да бидат истражени

Трамп во објава на неговата мрежа TruthSocial изјави дека анкетата на „Њујорк тајмс“, како и на „Еј-Би-Си њуз“, „Вашингтон пост“ и „Ипсос“, не опфатила доволен број анкетирани гласачи.
Тој рече дека оние што ги спроведоа анкетите „треба да бидат испитани за изборна измама“, наведувајќи дека тие се „негативни криминалци“ и „непријатели на народот“. Македонците се во дилема и се прашуваат – дали агенцијата на Спасов се пресели во САД? Имаме богато искуство со лажирани анкети, што за Референдумот, што за избори на кои демек „тепа“ СДСМ, што за Француски предлози…

Трамп: Лажни се анкетите за мојот рејтинг, треба да бидат истражени

Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше анкетите што покажуваат наводен пад на неговиот рејтинг на одобрување, нарекувајќи ги лажни и наведувајќи дека треба да бидат истражени.

Трамп во објава на неговата мрежа TruthSocial изјави дека анкетата на „Њујорк тајмс“, како и на „Еј-Би-Си њуз“, „Вашингтон пост“ и „Ипсос“, не опфатила доволен број анкетирани гласачи.

Тој рече дека оние што ги спроведоа анкетите „треба да бидат испитани за изборна измама“, наведувајќи дека тие се „негативни криминалци“ и „непријатели на народот“.

Како што се приближува кон крајот на неговите први 100 дена на функцијата, популарноста на претседателот Трамп наводно опаѓа (како што тврдат анкетите на продемократските медиуми), при што мнозинството граѓани повторно наводно не ги одобрувало неговите клучни иницијативи и јасно исинуираат дека демек постоела перцепција дека неговата администрација се обидувала да избегне почитување на наредбите на федералниот суд. Така е барем според анкетата на WP Post, ABC News и Ipsos објавена во неделата. Која Трамп, не бадијала, бара да се истражи.

Во анкетата, меѓу другото, како што тврди WP, се наведувало дека поддршката за Трамп била помала отколку за кој било претходен претседател на 100-дневната пресвртница во првиот или вториот мандат.

Наводно, симултано и симптоматично, половина од Американците не биле задоволни од работењето на претседателот Доналд Трамп во текот на неговите први 100 дена на функцијата, според втора анкета на Центарот за истражување на јавни работи на АП и NORC, објавена во саботата.

Македонците во моментот се во дилема и се прашуваат – дали агенцијата на Спасов се пресели во САД? Имаме богато искуство со лажирани анкети, што за Референдумот, што за избори на кои демек „тепа“ СДСМ, што за Француски предлози. За се’ што им требаше на македонските поддржувачи на Камала. Секоја сличност со личности во САД е случајна. Или, и не е баш така…

To top