Свет

Силен земјотрес на Суматра

Силен земјотрес на Суматра

Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на земјата (БМКГ).

БМКГ ја процени длабочината на земјотресот на околу 10 километри. Тој се случил околу 3 часот по полноќ по локално време.

Германскиот истражувачки центар за геонауки ја измери јачината на земјотресот на 5,8 степени.

Локалните власти соопштија дека нема ризик од цунами, а засега нема ниту извештаи за повредени.

Индонезија се наоѓа во тектонска зона со интензивна сеизмичка и вулканска активност позната како Пацифички огнен прстен.

Поврзани теми

To top