Свет

Се раѓа нова генерација терористи, масовни апсења на деца низ Европа

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е растечки фактор во радикализацијата на младите луѓе, како што покажуваат случаите на тинејџери кои планирале терористички напади во Европа во последните неколку години.

Се раѓа нова генерација терористи, масовни апсења на деца низ Европа

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е растечки фактор во радикализацијата на младите луѓе, како што покажуваат случаите на тинејџери кои планирале терористички напади во Европа во последните неколку години.

Американскиот „Волстрит џурнал“ пишува дека во последните неколку месеци, низ цела Европа се уапсени неколку десетици млади луѓе, некои од нив на возраст од само 14 години, обвинети за планирање напади врз музички сали, трговски центри и верски објекти поради идеолошка радикализација.

Една од најалармантните области е Белгија. Имено, една третина од сите случаи на тероризам во Белгија помеѓу 2022 и 2024 година вклучувале малолетници.

Во Британија, речиси еден од пет осомничени за тероризам е малолетник.

Малолетни лица

„Ново е бројот на млади луѓе кои се директно вклучени во планирањето насилни напади, вклучително и многу млади лица“, изјави за „Волстрит џурнал“ Томас Ренард, директор на Меѓународниот центар за борба против тероризмот во Хаг.

Речиси сите млади луѓе се радикализираат преку Интернет, а Интернетот се покажа како поефикасен во забрзувањето на процесот на радикализација.

Според Глобалниот индекс на тероризам, просечното време потребно за радикализација во 2002 година било 16 месеци, а во 2015 година тоа време било скратено за 40 проценти, па денес се потребни само неколку недели.

Пример за типичен екстремист

Пример за типичен екстремист од генерацијата Z е млад човек кој моментално е на судење во Белгија. Абдул Керим Гадаев, 19-годишен чеченски бегалец, се радикализирал откако неговиот татко бил депортиран од Франција во Русија.

По депортацијата, тој почнал да се чувствува отуѓен во училиште. На интернет напишал дека сака да го повтори „Батаклан“, терористички напад во 2015 година во кој беа убиени 90 лица.

На интернет пронашол групи врсници кои биле заинтересирани за спорт и религија, особено на TikTok каде што неговите кругови станувале сè пополитички.

Во февруари минатата година, тој се приклучил на оперативен канал на апликацијата Signal каде што членовите почнале да го планираат нападот, велат обвинителите.

Некои имале само 13 години.
Тие разговарале за тоА како да набават оружје и споделиле фотографии од целта – концертна сала во центарот на Брисел.

Гадаев изјавил дека е подготвен да учествува, под услов нападот да биде добро подготвен.

Говор на омраза

Во март 2024 година, белгиската федерална полиција го уапсила Гадаев и уште тројца малолетници низ цела Белгија.

-Веќе некое време велиме дека сложеноста на нашите истраги е поголема од порано, а ширината и длабочината на она со што се справуваме е извонредна-, рече Вики Еванс, главен координатор на британската антитерористичка полиција, и ги повика технолошките компании да помогнат во справувањето со проблемот.

Имено, алгоритмите на социјалните мрежи имаат силен привлечен момент кај младите луѓе, нудејќи им сè повеќе насилна содржина и создавајќи дигитални „дупки без дно“.

Вештачката интелигенција дополнително го влоши тој проблем, рече Џулија Ебнер, експерт за интернет радикализација во Институтот за стратешки дијалог и Универзитетот Оксфорд.

-Видеата и сликите создадени од вештачката интелигенција допираат до многу длабоки емоции и човечка природа. Вештачката интелигенција и алгоритмите вршат голем дел од работата на харизматичниот регрутер, само сто пати поуспешни, предупреди Ебнер.

Крајна десница

Многу случаи не стигнуваат до јавноста, но оние што стигнуваат вклучуваат 14-годишно девојче од Црна Гора кое беше уапсено во Австрија минатиот мај под обвинение за планирање напад врз „неверници“.

Секира, нож и пропагандни материјали на Исламската држава беа пронајдени во нејзиниот дом.

Во февруари истата година, уапсен е нејзин врсник кој планирал напад врз железничката станица.

Најпознат е случајот со тројца тинејџери кои планирале напад на три концерти на Тејлор Свифт во Виена минатата година.

-Во првите осум месеци по почетокот на војната во Газа, 60 исламистички екстремисти беа уапсени во Европа за тероризам, од кои две третини тинејџери-, рече Питер Њуман, професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон.

To top