Свет најстариот син

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Романија е дел од источноевропската турнеја на Доналд Трамп Помладиот, во која беа вклучени и Унгарија, Србија и Бугарија.

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија.

Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите.

Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари.

Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија на 4 мај, забележуваат медиумите.

Романија е дел од источноевропската турнеја на Доналд Трамп Помладиот, во која беа вклучени и Унгарија, Србија и Бугарија.

Минатиот декември, 47-годишниот син на американскиот претседател ја опиша одлуката на Уставниот суд на Романија да го поништи првиот круг од претседателските избори во земјата како „уште еден соросоидно-марксистички обид за манипулирање со резултатот“.

На почетокот на март оваа година, независниот кандидат Виктор Понта објави фотографија на социјалните мрежи со Доналд Трамп Помладиот.

To top