Свет

Бесент: Потребно е што поскоро да се потпише економско партнерство во Украина

Американскиот министер за финансии Скот Бесант се сретна со украинскиот премиер Денис Шмихал и министерот за финансии Серхи Марченко и ја истакна потребата од што поскоро потпишување на економско партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Украина, соопшти Министерството за финансии на САД.

-Секретарот Бесант ја потврди поддршката на САД за украинскиот суверенитет и ја нагласи посветеноста на Соединетите Држави за обезбедување траен, стабилен мир за народите на Украина и Русија, се вели во соопштението.

Бесент во таа прилика ја истакна важноста од што поскоро завршување на техничките разговори и склучување на економското партнерство меѓу двете земји.

Средбата се одржа во време кога Вашингтон предупредува дека ќе се откаже од обидот да посредува во мировните преговори меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема „видлив напредок“.

Откако САД и Украина постигнаа меморандум за разбирање, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека очекува да потпише договор за минерали со Киев оваа недела.

To top