Скопје трагично загина во Вејце

Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Фудбалскиот натпревар се одигра на фудбалското игралиште во Бунарџик, што го носи токму името „Роберт Петковски“.

Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Денес, општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски, во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Свежо цвеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на Општина Илинден предводени од градоначалникот Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, како и претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржа и традиционален меморијален фудбалски турир. Фудбалскиот натпревар се одигра на фудбалското игралиште во Бунарџик, што го носи токму името „Роберт Петковски“.

To top