Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги покачи платите на сите вработени во јавно здравствените установи, кои за период од четири години предвидено е да достигне до 50%. По долги години, го зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите за 10%.
Зголемување на платите од 7% добија и сите вработени во основните и средните училишта, кои до завршување на мандатот предвидено е да се зголемат за 46%.
Согласно закон, се зголеми и минималната плата, а линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери за 5.000 денари“, додадваат од партијата.
Во соопштението потенцираат дека, паралелно на ова, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за зачувување на стандардот на граѓаните преку ограничување на маржите и цените, како и мерката, односно законското решение кое е на сила, со кои трговците се обврзани цените на производите да ги истакнат на нивните веб страници. Пракса која во Израел и Хрватска се покажа како доста успешна.
Понатаму ќе следи заживување и раст на економијата со постојани инвестиции, кои ќе овозможат подобар животен стандард и услови за понатамошно одржливо покачување на платите на сите вработени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.