Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго. Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДС го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза. Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДС и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза? Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката? Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ, се наведува во партиското соопштение.
„Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ? Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза? Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи“ – посочуваат во соопштението.
-Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари. СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.