Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Дали бизнис тандемот Филипче- Заев имале акции во индиска авиокомпанија?

Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДС и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

  • Филипче ја игнорира јавноста, а со тоа покажува дека единствен фокус му е како да дојде до власт за повторно си делат провизии, тендери и да ги шират фамилијарните бизниси. Тендер тандемот Заев-Филипче молчи за потеклото на златните визи за Дубаи. Дали бизнис партнерите Филипче-Заев имале акции во индиска авиокомпанија и од каде им се средствата за градење 50-катница во Дубаи? Како Заев, од просечно земјоделско семејство, стаса до сопствеништво на авиокомпании, и каква е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? Колкави се трансакциите на Филипче и Заев кон Дубаи и дали се во дигитални валути биткоини? Дали парите за купување милионски акции во авиокомпании и инвестиции во градежништво во Дубаи, им се од скандалозните тендери во здравството или распродажбата на националното достоинство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче во политиката е за да си ги задоволи сопствените апетити, а не за доброто на народот и државата. СДС е синоним за корупција криминал и предавства, додаваат од владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top