Со гордост сакам ви соопштам дека е изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица.
За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој е на барање на работниците и работодавачите.
Предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, законот задава силен удар во коренот на сивата економија, а истовремено ги унапредува и работничките права.
Создаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски – или работници ангажирани на одреден период, а со тоа, создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките кои што сега се во сивата економија.
Она што особено радува, е што лицата ангажирани согласно овој закон, нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии.
Во оваа законска категорија на граѓани, спаѓаат:
– Пензионерите;
– Студентите;
– Сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделието, овоштарството угостителството и сервисните дејности.
– Невработените, но и вработените;
– Лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа;
– Како и странците со регулиран престој;
Ова иновативно законско решение предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.
Оваа платформа ќе биде финансирана со грант од наши меѓународни партнери, од Сојузна Република Германија.
Продолжуваме да работиме и на други вакви, современи законски решенија, се со цел, Македонија да биде пристојно место за живот, за секој еден.