Македонија ВМРО-ДПМНЕ

СДС и Филипче да не бидат дволични, поднесувањето закон за Кочани е како Филипче да поднесе закон за Модуларната болница а Заев за враќање на името

СДС се синоним за неспособност, предавства и криминал, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче да не бидат дволични, поднесувањето закон за Кочани е како Филипче да поднесе закон за Модуларната болница а Заев за враќање на името

СДС и Филипче се синоним за лицемерие и дволичност. СДС и Филипче со години ја уназадуваа и уништуваа државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На лицемерието и дволичноста на СДС и Филипче им нема крај. СДС и Филипче се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани.

Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДС да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името“, потенцираат во соопштението од владејачката партија.

Од ВНРО-ДПМНЕ деодаваат дека, СДС да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус. Граѓаните ја препознаа вистината за СДС и нивниот начин на владеење со кој ја опустошија, испокрадоа и уназадија државата.

СДС се синоним за неспособност, предавства и криминал, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top