Во рамки на пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска остварив средба со ко-известителите Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
„На средбата разговаравме за значајните случувања од нивната последна посета во мај 2019 година, со фокус на повеќе актуелни прашања поврзани со владеењето на правото, демократијата и човековите права“, потенцира тој.
„Го истакнав силниот ангажман на нашата држава за исполнување на обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа – организација во која оваа година одбележуваме 30 години членство“, објави Муцунски.
„Изразив и благодарност за континуираната соработка и поддршката од Советот на Европа во спроведувањето на реформската агенда и европските стандарди во клучни области“, додаде Муцунски.