ДУИ не сфаќа дека поимот „селективна правда“ не произлегува од фактот што осомничениот „игра“ за твојата селекција. Во овој случај, за тимот од Мала Речица. Во конкретниот случај, меѓу 68-те осомничени и притворени има и од „селекциите“ на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ, од ДУИ, како и од Демократски сили на Ромите и други. Но тие, не се битни. За врхушката, битен е само Крешник Бектеши. Не е битно ни зошто е таму, не ни негираат дека е инволвиран или каков е неговиот придонес во трагедијата. Проблем е што е од ДУИ. И точка.
По кулоарите велат дека очебијно Ахмети, соочен со претстојниот есенски дебакл, си најде начин како да влезе во предвремена кампања за локални избори. Чарето го најде во притворот за партискиот челник и поранешен министер за економија, Бектеши, за кого Штипска апелација не ја уважи жалбата за затворски притвор. Проблемот на Ахмети и ДУИ е што истото вчера им се случи на уште 15 други осомничени за кочанската трагедија која однесе 62 животи. Тоа, очебијно не ги интересира Интегративците, кои ги „боли“ саде притворот на Бектеши. Другите, не се битни.
„Ако улицата е решението – тогаш дојде време сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – мирно, но решително, на улица“, се вели во соопштението на ДУИ, кои така наеднаш наводно се заинтересираа и за семејствата на починатите и за правдата во Македонија.
Со овој акт, ДУИ им се придружија на СДСМ и Левица, кои вчера беа јавно исвиркани од семејствата на починатите на протестниот марш во Скопје. Големо „УАААА“ добија Филипче, Апасиев, Славјанка, Тренчевска и компанија. ДУИ се политички поостроумни од македонските политикантски некрофили, знаеја дека ќе го добијат истото од граѓаните. Затоа ли не излегоа, чекаа и ден потоа пуштија соопштение со најава за улица?
За да на свој начин, станат дел од Клубот на политичките стрвинари…