Култура

Едночасовен концерт на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Воениот оркестар од Армијата на Република Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД утре, 24.05.2025 година, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“, ќе одржат едночасовен концерт на плоштадот „Магнолија“ во Битола, со почеток во 13 часот.

Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез нумери, македонски шлагери и фолк мелодии, со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки за пријателство и мир. Воените оркестри на двете сојузнички армии, како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почетокот на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.

Реализацијата на заедничките концерти со оркестрите од сојузничките НАТО армии
дополнително ги зајакнува врските помеѓу сојузниците, како и цивилно-воената
соработка.

To top