Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога

На 29.05.2025 во 10.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(34) од Штип.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во с.Дулица, општина Македонска Каменица, информира МВР.

При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

To top