Економија договор

Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините

Доналд Трамп кажа дека денеска ќе склучи голем трговски договор со „земја што многу ја почитува“, за која американските и британските медиуми објавија дека е Велика Британија. Британската влада се обидуваше да постигне договор откако САД наметнаа високи царини за речиси сите држави во светот.

„Денеска ќе има голема прес-конференција во врска со голем трговски договор со голема и високо почитувана држава, првиот од многу“, напиша Трамп на социјални мрежи.

Ова доаѓа откако Трамп на 2 април воведе високи царини за десетици држави, пред да ги паузира на 90 дена за да остави време и простор за преговори. Во меѓувреме, владите низ светот побрзаа да се договорат пред истекот на крајниот рок.

Американските медиуми објавија дека САД се блиску до трговски договор и со Индија и Израел и дека продолжуваат преговорите со Јапонија, Јужна Кореја и Виетнам.

Оваа недела, Кина и САД објавија дека викендов ќе ја имаат првата рунда трговски преговори, што ќе се одвиваат во Женева. Во нив ќе учествуваат американскиот министер за трговија Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг. По враќањето во Белата куќа, Трамп воведе царини од 145% за Кина, која возврати со царини од 125%.

Најнови вести од Економија

To top