Вести падна договoр

САД и Кина се договорија за царините

Договорот, според Бесент, ќе придонесе за намалување на дефицитот на САД во меѓународната размена на стоки од неодамнешните 1,2 трилиони долари. Во дводневните преговори беше постигнат „значаен напредок“. Американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за текот на разговорите. Трамп отсекогаш тврдеше во минатото дека САД имаат трговски дефицит со Кина од трилион долари или повеќе.

САД и Кина се договорија за царините

САД и  Кина, според  САД, постигнале договор во рaзговорите за решавање на трговските спорови – и со тоа можен пробив во застојот во  трговскиот конфликт. Постигнат е договор за намалување на трговскиот дефицит на САД, вели американскиот трговски претставник Џејмисон Грир. На заедничкото појавување со американскиот секретар за финансии Скот Бесент, Грир зборуваше во Женева за „договорот кој го постигнавме со нашите кинески партнери“. Деталите ќе бидат објавени во понеделник. Според кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, постигнат е „значаен напредок“. Двете страни се согласија за механизам за консултации за трговските прашања. Тој треба да овозможи „редовни и нередовни разговори за трговски и економски прашања“, рече трговскиот претставник на владата во Пекинг, Ли Ченганг.

Администрацијата на Трамп го преувеличува трговскиот дефицит

Договорот, според Бесент, ќе придонесе за намалување на дефицитот на САД во меѓународната размена на стоки од неодамнешните 1,2 трилиони долари. Во дводневните преговори беше постигнат „значаен напредок“. Американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за текот на разговорите. Трамп отсекогаш тврдеше во минатото дека САД имаат трговски дефицит со Кина од трилион долари или повеќе.

Сепак, според официјалните податоци на американската влада, дефицитот во трговијата со Кина минатата година изнесувал 295,4 милијарди долари, што е значително помалку. Вклучувајќи ги услугите, трговскиот дефицит е уште малку помал и изнесува околу 263 милијарди долари.

Трговски преговори по огромните царини на Трамп

Трговските разговори во Женева се првите на ова ниво откако стапија на сила огромните царини на Трамп. Американскиот претседател воведе царина од 145% за повеќето кинески увозни производи. Кина одговори со царина од 125 проценти за многу американски производи. Пред преговорите во Женева, Трамп сигнализираше подготвеност за компромис и рече дека царината од 80 проценти за Кина е правилно. Сепак, неговата портпаролка Каролин Ливит нагласи дека Пекинг, исто така, мора да биде подготвен да направи отстапки, бидејќи Вашингтон нема еднострано да ги намали царините. Пекинг повеќепати инсистираше дека САД прво мора да ги укинат своите царини.

To top