Ракомет РФМ

Кадетите ги дознаа ривалите во квалификациите за пласман на ЕП (ФОТО)

Кадетите ги дознаа ривалите во квалификациите за пласман на ЕП (ФОТО)

Македонската кадетска репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое наредната година се игра во Србија.

Македонија беше во првиот шешир, а ждрепката не однесе во групата Д каде ќе ги одмериме силите со селекциите на Грција, Финска и Луксембург.

Натпреварите ќе се играат од 31 октомври до 2 ноември, домаќинот на турнирот дополнително ќе биде одреден или поточно Финците први добиваат шанси за тоа, ако тоа не го сакаат можност добива Луксембург, Грција, па на крајот ние.

Најдобрите две селекции од петте групи ќе обезбедат место на континенталниот собир.

To top