Скопје 250 учесници

Во општина Илинден се одржа велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“

За време на овој настан, од страна на Вело училиштето се организираше и креативно-едукативна вело работилница за деца, кадешто најмалите имаа можност низ игра и дружење да научат важни вештини за безбедно возење велосипед, како и за важноста од активен и здрав начин на живот.

Во општина Илинден се одржа велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“

И оваа година во општина Илинден се одржа велосипедската тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“, во организација на Здружението МТБ Илинден, со поддршка на Општина Илинден. На настанот официјално беа пријавени 200 велосипедисти од целата држава, додека неофицијално присуствуваа рекордни 250 учесници.

Стартната позиција, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, беше пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден. Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 40 километри. Истата почнува од Марино кон Кадино, по регионалниот пат во Миладиновци, се исклучува по земјена патека сѐ до манастирот во Дељадровци, низ Мршевци, па сѐ до крстот во Бучинци, на крај се упатува кон Ајватовци и завршува на почетната точка – кај спортската сала Гоце Делчев. Се вози групно со попатни паузи и се класифицира како средно тешка тура, што значи дека е потребна исклучителна подготвеност за нејзино исполнување.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со краток говор ја отвори турата, посакувајќи им среќа и истрајност во исполнување на рутата на сите учесници, како и да не заборават да уживаат во убавините на општина Илинден.

За време на овој настан, од страна на Вело училиштето се организираше и креативно-едукативна вело работилница за деца, кадешто најмалите имаа можност низ игра и дружење да научат важни вештини за безбедно возење велосипед, како и за важноста од активен и здрав начин на живот.

Општина Илинден ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортско-рекреативни настани коишто го поттикнуваат здравиот и спортски дух кај граѓаните.

To top