Скопје

Заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците во 9 одделение во општина Аеродром

Заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците во 9 одделение во општина Аеродром

Успешно заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците од деветто оделение во сите основни училишта во Општина Аеродром.

Станува збор за прв ваков скрининг во Македонија, што се спроведе изминатите неколку месеци по иницијатива и од страна на специјалистите во оваа област, д-р Синиша Стојаноски и д-р Невена Маневска.

-Огромна благодарност до нив, кои изминатиот период неуморно работеа и ги посетија сите основни училишта, при што извршија скрининг на тироидната жлезда кај тинејџерите, што секако наиде на одобрување и соработка од страна на родителите. За реализацијата на овој обемен проект помогнаа општествено одговорните компании БИ-МЕК и Рагуза Груп. Општина Аеродром е прва општина во земјава која што спроведе ваков вид превентивни прегледи, за што се надеваме дека ќе прераснат во редовна практика, не само кај нас, туку и во други општини, соопштија од Општината.

Грижата за нашите деца и за нивното здравје е наш врвен приоритет и Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите кои покажуваат интерес за создавање подобро утре за младите генерации.

To top