Скопје просторната урбанизација

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината.

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште. Ова спортско-рекреативно катче се наоѓа во Илинден, близу новото подрачно основно училиште. Поставено е на изградена бетонска плоча, врз која се поставени гумени плочки. Во рамки на детското игралиште има реквизити: комбинирана лизгалка, двојна лулашка, единечна клацкалка и други разни детски фигури.

Игралиштето е оградено со ограда во вид на моливи. Исто така, поставени се и павер елементи и осветлување, како и клупи и корпи за отпадоци, кои се неопходен и неизоставен дел за уредување и одржување на просторот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на детското игралиште и истакна дека освен во просторната урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.

Општина Илинден

Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места.

To top