Свет посета на Италија

Венс го минимизираше значењето на политичките разлики со папата, среќен е што се сретнал со него

Ја имав таа среќа да се ракувам со него и да му кажам дека се молам за него секој ден затоа што тоа го правев и се уште го правам, изјави Венс

Венс го минимизираше значењето на политичките разлики со папата, среќен е што се сретнал со него

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја минимизираше важноста на политичките разлики меѓу администрацијата на претседателот Доналд Трамп и покојниот папа Франциск и рече дека имал „среќа“ што бил еден од последните официјални претставници што се сретнал со католичкиот поглавар пред да почине.

Тие кратко се сретна во неделата наутро во Ватикан додека Венс беше во посета на Италија. Папата почина следниот ден.

Венс рече дека размислувал за фактот дека тој бил еден од последните официјални лица што се сретнал со папата Франциск, кого го опиша како голем пастир, пред да умре.

„Всушност е прилично лудо. И очигледно, кога го видов, не знаев дека му останале помалку од 24 часа на оваа Земја. Мислам дека тоа беше огромен благослов“, им изјави Венс на новинарите во Индија по завршувањето на неговото патување во Италија.

„Ја имав таа среќа да се ракувам со него и да му кажам дека се молам за него секој ден затоа што тоа го правев и се уште го правам“.

Папата беше гласен критичар на имиграциската политика на администрацијата на Трамп, нарекувајќи ја срамна непосредно пред инаугурацијата на Трамп во јануари.

Венс ги отфрли разликите меѓу американската администрација и покојниот папа.

„Свесен сум дека имавме несогласувања за некои од политиките на нашата администрација. Тој исто така многу се согласуваше со некои од политиките на нашата администрација“, рече Венс.

To top