Јавното претпријатие „Водовод и канализација Скопје“ на официјалната Фејсбук страница на претпријатието кое го плаќаат граѓаните на главниот град, споделува лични препирки на градоначалничката Данела Арсовска со градоналникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Од нејзниот личен ФБ профил
По гостувањето во ТВ Алфа, каде Стојкоски јавно демантираше дека ќе се граделе какви и да е „хемиски фабрики“, поткрепувајќи го сето тоа со цврсти аргументи, градоначалничката веќе втор ден го прозива со објави. Таа со пост преполн со „емоџиња“ со смешки, пишува: „Аценце, те чекам на Тв дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло на ТВ Алфа…“
За вокабуларот, коментар е непотребен, проблемот е етички и лежи во фактот што Јавни претпријатија, кои ги плаќаат граѓаните на Скопје, не смејат да се вклучуваат во лични битки на своите претпоставени, само затоа што директорот го поставила истата таа градоначалничка, токму поради фактот што е многу веројатно дека може да го смени истиот, како и неговите четири претходници. Можеби, вака со „поддршка“ на ФБ тој и опстојува на функцијата, се прашуваат упатените?
Ова стана пракса на официјалниот ФБ профилна Јавното претпријатие, новитет кој се „практикува“ во последно време – пренесување ан личните ставови на Арсовска на профил кој треба да служи за информации за граѓаните, за прекини со водоснабдување, интервенции и новитети. Сега, во „новиот пакет“ на сервисни информации, бесплатно ја добивате и градоначалничката со нејзините лични ставови по однос на сите можни прашања.
Сервисни информации на „Водовод и канализација Скопје“ во стилот на: „Поради дефект ќе нема вода на улица „Киро Фетак“, „Аценце, каде си“, „Се поправа канализационата мрежа во Волково“, „Висарче мое…“, „Поради пукната водоводна цевка…“, „Орценце, каде си?“, и така натаму (КАРИКИРАНА СИМУЛАЦИЈА на редослед на објави, истакнато, за да не не’ тужи :)…
Директор на ЈП е Тони Миновски, кој е веќе петти директор на претпријатието во мандатот на Арсовска.
Во продолжение и емисијата поради која градоначалничката веќе втор ден не престанува да се занимава со градоначалникот на Ѓорче Петров.