Скопје Јуроп хаус Скопје

Панел по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

На настанот, воведно обраќање ќе има Бен Нупнау, вршител на должност Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија, по што ќе следи дискусија со амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска, кои ќе споделат размислувања за евроинтегративниот пат на нивните земји, релевантни гледишта за Македонија, како и за поширокото значење на членството во ЕУ денес.

Во Јуроп хаус Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во Европската Унија, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На настанот, воведно обраќање ќе има Бен Нупнау, вршител на должност Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија, по што ќе следи дискусија со амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска, кои ќе споделат размислувања за евроинтегративниот пат на нивните земји, релевантни гледишта за Македонија, како и за поширокото значење на членството во ЕУ денес.

Настанот е организиран како дел од серијата настани за одбележување пресвртници во проширувањето на ЕУ, организирани од Делегацијата на ЕУ и Јуроп Хаус, во соработка со амбасадите на земјите-членки на ЕУ низ мрежата на Јуроп Хаус.

To top