Од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје известуваат дека на ден 27.05.2025, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе бидат некои делови на Скопје.
Во период од 06:00 до 09:00 без струја ќе останат корисниците на ул. Борка Талевски – Општина центар.
Во период од 09:00 до 15:00 без струја ќе бидат корисниците од селата: Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и
каменоломот на АД Гранит во с. Бразда – Општина Чучер Сандево.
Во период од 10:00 до 13:00 без струја ќе бидат корисниците од село Страхојадица – Општина Зелениково.
Исто така од регионалниот центар за управување со кризи по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, дека поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на ул. Црвена вода бр. 24, од 09:30 часот до завршување на работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.