Без вода денеска од 9:00 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Св. Прохор Пчињски“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф – 80 милиметри на улица „Св.Прохор Пчињски“ 87а.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.