Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 09.00 до 16.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Кисела Јабука, улиците „44“,„46“,„54“,„62“,„64“,„66“ и „68“.
Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Горно Лисиче“, од „Феромонт инженеринг“ кон Долно Лисиче.