Република

Запленети над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Засилени контроли на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Запленети над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Во текот на вчерашниот ден 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.

Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.

Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.

Најнови вести од Република

To top