Република ТППЕ - ВЕЛЕС

Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема

Теренската екипа пристапила кон гасење на пожарот со ПП Апарати и црева од соседните куќи, поради непристапноста на теренот и тесните сокаци.

Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема

Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20:35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на гром на улица „Крали Марко“ бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот.

Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21:55 часот.

-Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 3 пп возило и 7 пожарникари спасители по пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза во една од собите на куќата, објави ТППЕ-Велес.

Теренската екипа пристапила кон гасење на пожарот со ПП Апарати и црева од соседните куќи, поради непристапноста на теренот и тесните сокаци.

-Благодарение на брзото пристигнување и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо е ставен под контрола и целосно ликвидиран, стои во соопштението на ТППЕ-Велес.

To top