Република живот во рурални средини

Во Пехчево во тек е реализација на проектот „Реконструкција на улица во село Црник“

Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и Буџетот на Општина Пехчево.

Во Пехчево во тек е реализација на проектот „Реконструкција на улица во село Црник“

Во Пехчево во тек е реализација на проектот „Реконструкција на улица во село Црник“ финансиран преку Програмата за поддршка на имплементација на Декада и Стратегија за Ромите за 2024 година.

Како што информираше градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, градежните работи се отпочнати неделава и имаат за цел подобрување на патната инфрастрруктура во селото.

– Градежните работи се состојат од поставување на тампонски слој , ивичњаци и редење на бехатон плочки на улицата. Реконструкцијата на улицата во село Црник ќе овозможи, осовременување и подобрување на патната инфраструктура во селото, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, како и побезбеден пристап на граѓаните до нивните домови, изјави денеска Китански.

Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и Буџетот на Општина Пехчево.

– Претходно заврши реконструкцијата на улици во село Чифлик ул.бр13 б во должина од 80 метри и во село Робово ул.бр.5. во должина од 90 метри. Финансиските средства за оваа улица се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево, додаде Китански.

Со вакви и слични проекти тој најави дека општината ќе продолжи и во наредниот период.

Најнови вести од Република

To top