Република современиот стендап

Во Куманово почнува второто издание на стендап фестивалот „Четвртак у 9“

Со насловот „Четвртак у 9“, фестивалот симболично го враќа времето резервирано за смеа, заедништво и добра забава, мисијата е фестивалот да прерасне во традиција, а Куманово да се позиционира како национален и регионален центар на стендап сцената.

Во Куманово почнува второто издание на стендап фестивалот „Четвртак у 9“

Во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва со почеток во 20 часот, започнува второто издание на стендап фестивалот „Четвртак у 9“, информираа денеска од Здружението Арт-Манија.

– Фестивалот го слави современиот стендап како форма на уметност и комуникација, обединувајќи ги најдобрите македонски комичари заедно со реномирани артисти од регионот. Претходното фестивалско издание јасно покажа дека Куманово е град кој го сака и разбира хуморот, со публика која со својата бројност и енергија даде силен импулс дека оваа култура тука има иднина, соопштија од здружението.

Фестивалот се одржува на 27 и 31 мај, 2 и 7 јуни, во Куманово, со амбиција градот да се позиционира како новото јадро на балканската комедија.

– Вечерва е најновото шоу на Мирослав Петковиќ – „Женеее“, а потоа следуваат Бојан Кирковски, Антонио Ташковски, Душан Петровски со „Нежни мажи“ – тројца нови гласови кои со иронија и самоподбив зборуваат за машкото во денешницата. На 31 мај, сцената ја преземаат Мишо Димитријевски Шипе „ Од шупљо у празно“, Надица Петрова – Надето, „Нада, Натчето и нешто плус“ и Браќа Шуковиќ „Земи си прачка“, со чиста енергија и непредвидливи премини од апсурд до стварност. На 2 јуни, Чедомир Митевски го отвора прашањето што значи да си дебел глумец во Македонија, а потоа Тино и Атанас доаѓаат со ново изненадување. И за крај, на 7 јуни, Марко Трајковиќ и Марјан Георгиевски носат финале какво што заслужува еден ваков фестивал – гласно, вистинито и без маски, се наведува во објавата на здружението.

Претходното фестивалско издание, посочуваат организаторите, јасно покажа дека Куманово е град кој го сака и разбира хуморот, со публика која со својата бројност и енергија даде силен импулс дека оваа култура тука има иднина. Со насловот „Четвртак у 9“, фестивалот симболично го враќа времето резервирано за смеа, заедништво и добра забава, мисијата е фестивалот да прерасне во традиција, а Куманово да се позиционира како национален и регионален центар на стендап сцената.

Најнови вести од Република

To top