Република КЈП „Водовод“

Основни и средни училишта од Кочани имаат долг од над 10,5 милиони денари за комунални услуги

Двете основни училишта „Раде Кратовче“ и „Св. Кирил и Методиј“ на „Водовод“ не му платиле сметки во вкупен износ од над 1,7 милион денари.

Основни и средни училишта од Кочани имаат долг од над 10,5 милиони денари за комунални услуги

Три основни и две средни училишта од Кочани направиле долг со неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари.

Увидот во работата на комуналното претпријатие, што по преземањето на функцијата го направил в. д. градоначалникот Венко Крстевски, покажал дека образовните институции се меѓу најголемите должници кај правните субјекти.

Највисок долг од над 5,6 милиони денари има ОУ „Никола Карев“, а потоа следуваат средните училишта „Гошо Викентиев“ и „Љупчо Сантов“ кои за комунални услуги заедно должат над три милиони денари. Двете основни училишта „Раде Кратовче“ и „Св. Кирил и Методиј“ на „Водовод“ не му платиле сметки во вкупен износ од над 1,7 милион денари.

– Ова се милионски долгови коишто се толерирани долго време. Срамно е КЈП „Водовод“ да ги дава на извршител граѓаните со долг од по 3-4 илјади денари, а да не постапува соодветно кон правните субјекти што се должници. Во наредниот период ќе излеземе со целосен список на сите должници кон „Водовод“. Целта е сите пари да се приберат за да се направи функционално кочанското комунално претпријатие, затоа што токму ненаплатените приходи го довеле до загуба и блокада, истакнува в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Основните училишта „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мисирков“, основното музичко училиште „Ристо Јуруков“, како и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ немаат долгови за комунални услуги.

Крстевски најави финансиска ревизија на КЈП „Водовод“ со која точно ќе се утврди задолженоста на претпријатието што, според досегашните проценки, изнесува над 4,1 милиони евра.

To top