Македонија борбата против корупцијата

Заменик-претседателот Арбен Фетаи на средба со делегација од Партнерство за отворена влада

Заменик-претседателот Фетаи ги претстави приоритетите на својот кабинет, со посебен акцент на раководењето со Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата и следење на конкретните институционални резултати.

Заменик-претседателот Арбен Фетаи на средба со делегација од Партнерство за отворена влада

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска прими делегација од Партнерството за отворена влада (OGP), предводена од Пол Брејтвеит, регионален менаџер за Европа.

За време на средбата се дискутираше за борбата против корупцијата и зајакнувањето на транспарентноста како темел на доброто управување.

Заменик-претседателот Фетаи ги претстави приоритетите на својот кабинет, со посебен акцент на раководењето со Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата и следење на конкретните институционални резултати.

Тој ја истакна важноста од зголемување на транспарентноста, особено во однос на пристапот до податоците за вистинската сопственост на компаниите.

Од своја страна, Брејтвеит ја изрази поддршката на платформата OGP за владините реформи преку споделување на добри практики и меѓународна експертиза.

Двете страни се согласија да го продлабочат соработката, со цел создавање основа за ефикасно следење на случаи на висока корупција и наоѓање законско решение што ќе овозможи објавување на вистинските сопственици на компаниите кои добиваат јавни тендери, во согласност со најдобрите европски практики.

Најнови вести од Македонија

To top