3,2 проценти е растот на БДП за првиот квартал од 2025 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, велат преку соопштение од владата на Република Македонија.
Со тоа Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска.
Споредбено ова значи дека растот е поголем за три пати повеќе од лани.
Ова се должи на успешните економски политики на Владата.
Нашата заложба е ова да продолжи, затоа носиме политики кој ја поттикнуваат економијата да се развива.
Поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7.1%, како и информации и комуникации од 4.8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7.1%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69.0%.
За разлика од претходните години кога македонската економија беше на дното целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред.
Се обврзавме и реализираме. За нова надеж за граѓаните и за Македонија која ќе биде држава со раст и развој.
Македонија мора да оди напред, државата е на патот на промените!, се вели во соопштението на владата.