Македонија евтини, ретро национал-романтичарски наративи

Со или без изјавите на претседателката Сиљановска, ДУИ останува во опозиција. Уште долго време…

Аналитичарите коментираат дека е крајно време ДУИ да се освести, реформира и да престане да го потценува своето гласачко тело, затоа што и кај Албанците веќе одамна не поминуваат голите и евтини национал-романтичарски наративи. Опциите се две – Да се реформира и прилагоди на времето или да фати приклучок на возот на пасокизација која ја зафати до вчера коалициската СДСМ, која пак последно преку Лукаревска се откажа од „услугите“ на Мала Речица и сите злодејанија од минатото ги префрли на адреса на лошите момчиња на Ахмети.

Со или без изјавите на претседателката Сиљановска, ДУИ останува во опозиција. Уште долго време…

ДУИ и натаму не можат да си простат што се во опозиција. И што таму ќе бидат уште долго време. Најнова „занимација“ на опозициски неосвестената партија од Мала Речица е да се занимава со се’ и сешто, освен со внатрешна реформа на аномалиите и причините кои ги доведоа до ова дереџе. И така, наместо да се запрашаат чуму имаат потпретседател во бегство и пола врхушка во притвор, тие и натаму изигруваат поголеми Албанци од Скендербег.  Уште„вчера“ најавија излегување на улица, немири и останување таму додека не се врателе на власт. По најново, им запречи реалната изјава на претеседателката Сиљановска која коментирајќи ги најновите авантури на Таравари изјави дека не е битно колку албански партии ќе излезат од власта, се додека мнозинството има 61 пратеник. Формално правно, сосема легалистичка изјава, бидејќи никаде во уставот (оној кој ДУИ и СДСМ го третираа како тоалетна хартија) не пишува дека албанска партија мора да биде дел од власта. На страна што е дел, од првата до последната македонска влада.

„Сиљановска многу лесно ја напушти клучната улога која претседателот на државата треба да ја има – да биде фер арбитар на различните политички позиции со цел да ги обединува сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност“, закукаа од ДУИ, кои веројатно силно посакуваат на нејзинотоместо да е политичката амеба Пендаровски за да со две раце пак потпише некоја небулоза како двојазичноста или Територијалната организација како Црвенковски, или пак Францускиот предлог како истиот тој Стево, кој, меѓудругото, не го ни виде предлогот. За да потоа испадне дека го создал. Изборот на желби и веќе сторени злодејанија е голем.

Оваа „констатација“ за наводно уништување на мултиетницизмот на државата, која до ДУИ/СДС коалицијата беше примарно македонска, доаѓа од партијата која во не така далечната 2017-та прва го погази непишаното правило за коалиција „победник со победник“ во македонскиот и албанскиот блок, за да со Заевци можат да ја направат најголемата глупост во поновата историја и да го сменат името на државата, да донесат неаргументирана двојазичност, да ја опељешат истата и да ги инфицираат институциите со партијци кои не ни доаѓаа на работа, дури и од странство земаа плата од министерствата…

Аналитичарите коментираат дека е крајно време ДУИ да се освести, реформира и да престане да го потценува своето гласачко тело, затоа што и кај Албанците веќе одамна не поминуваат голите и евтини национал-романтичарски наративи. Опциите се две – Да се реформира и прилагоди на времето или да фати приклучок на возот на пасокизација која ја зафати до вчера коалициската СДСМ,  која пак последно преку Лукаревска се откажа од „услугите“ на Мала Речица и сите злодејанија од минатото ги префрли на адреса на лошите момчиња на Ахмети.

Најнови вести од Македонија

To top