Македонија Собрание

Гаши му го честиташе изборот на новиот папа

Новиот папа беше избран вчера по четири круга гласање.

Гаши му го честиташе изборот на новиот папа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка до новиот папа на Римокатоличката црква по повод неговиот избор.

-Во духот на првото обраќање на папата Лав XIV (Leo XIV) до католичките верници, ја изразувам желбата новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот, верската толеранција и меѓусебното разбирање меѓу народите – како единствениот исправен пат за спас и напредок на светот, кој денес сè повеќе се соочува со предизвиците на конфликти и судири, се вели во честитката.

Новиот папа беше избран вчера по четири круга гласање.

Најнови вести од Македонија

To top