Вести Хроника МВР

Лишен од слобода државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија.

Лишен од слобода државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Денес на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари, соопшти МВР.

При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.

Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.

Поврзани теми

To top